Нудистички „Гол град“: Место на Медитеранот во кое е дозволено да шетате голи

Кап д’Агде е познато одморалиште во јужна Франција, кое е оддалечено околу 70 километри од Монпелје. Во неговиот североисточен дел се наоѓа голем нудистички ресорт наречен „Village Naturiste“, кој често го нарекуваат и „Гол град“.

Неговиот главен адут? Тоа што им овозможува на гостите да шетаат без ниту едно „крпче“ на телото – насекаде.

Реклама

Во ова оградено нудистичко село, гостите на располагање имаат песочна плажа долга 2 километри, голема марина, камп со 2500 места, хотел, апартмански комплекс, ресторани, ноќни клубови, кафулиња, пошта, банка, фризерски салон и други слични места.

Во секое од наведените места можете да шетате голи и никој нема да ве гледа чудно поради тоа. Дури и правилникот на ресортот ги охрабрува гостите да ја соблечат облеката од себе во секој момент, не само кога доаѓаат на плажа.

На сите им е потребно час до два часа за да се опуштат кога за првпат ќе пристигнат во „Village Naturiste“, но после тоа се очекува да ја складираат облеката на сигурно. Во вечерните часови кога е постудено, можете да го заштитите телото со парче облека по ваш избор.

Nudesletter – June 2019 – Association des Naturistes de Paris

Правилникот на ресортот строго забранува фотографирање други гости и неморално однесување на јавни површини. Исто така, се очекува да носите крпа со вас од хигиенски причини кога одите на места како ресторани или кафулиња каде што планирате да седнете.

NaturistCampsite& Rentals Provence France Origan Village

Ова село привлекува околу 40.000 нудисти секоја година, а сите капацитети за сместување се пополнуваат долго пред почетокот на туристичката сезона…

Реклама