Новото истражување открива: Лицата кои носат очила имаат 3 пати помала шанса да се заразат со коронавирус

Истражувачите од Индија вклучиле 304 испитаници на возраст помеѓу 10 и 80 години кои пријавиле симптоми на Ковид-19.

Лицата кои носат очила имаат 3 пати помала шанса да се заразат со коронавирус бидејќи значително помалку ги допираат очите, покажува новата студија од Индија, пренесува „Tanjug“.

Google search engine

Истражувачите ја спровеле студијата врз 304 испитаници на старосна возраст помеѓу 10 и 80 години, кои пријавиле симптоми на вирусот.

Околу 19 отсто од нив носеле очила во поголем дел од денот, а останатите не носеле, што укажува дека луѓето кои носат очила по 8 часа дневно имаат помали шанси да заболат од Ковид-19, пренесува „Daily Mail“.

„Луѓето во просек го допираат лицето 23 пати во еден час, а очите 3 пати во 60 минути. Оние кои носат очила долго време не го допираат лицето ниту очите“, се наведува во студијата.

Во Кина било направено слично истражување минатата година, во кое било утврдено дека веројатноста едно лице кое носи очила да се зарази со Ковид-19 е 5 пати помала отколку кај оние кои не носат.