Новите Air Max Viva и производите на Sheezick na reezick (Шизик на ризик) го одбележаа денот на Air Max 

Денот на Аir Max се одбележува и ја слави урбаната култура насекаде низ светот уште од креирањето на култната патика на Nike во 2014.

Годинава Аir Max денот локално беше одбележан со заедничката фото сесија на Buzz Sneaker Station и македонскиот lifestyle бренд Шизик на ризик.

Google search engine

Фотографиите го промовираат новиот модел патики со женска силуета Nike Air Max Viva во комбинација со дуксери и маици од последната спортска приказна на Шизик на ризик.

Централен лик на оваа фото соработка беше македонската кошаркарка Едина Муса која “настапи” во удобната нова Air Max Viva и “играше” под скопскиот култен број 91 и амблемот на вкрстени пиперки на Шизик на ризик.

Патиките се во продажба во продавниците на Buzz и NikeShop, а облеката е достапна во продавницата на Шизик на ризик и онлајн.

VIVA LA REEZICK! 

@sheezicknareezick

@buzzsneakerstation

@edina_musa