Новиот патент на „Xiaomi“ открива телефон со обвиткувачки екран и pop-up камери

„Xiaomi“ во текот на оваа година го претстави „Mi MIX Alpha“, кој пристигна со интересно решение на обвиткувачки екран.

Иако се работеше за концепт, а не комерцијален производ, телефонот привлече голем број вљубеници во иновациите. Сега се појави нов патент на компанијата „Xiaomi“, за телефон сличен на моделот „Mi MIX Alpha“.

Google search engine

Новиот патент прв го откри сајтот „LetsGoDigital“ кој сугерира дека пријавата за патент била поднесена во април, а е објавен на 18 декември. Документацијата содржи и 16 скици врз основа на кои „LetsGoDigital“ ги креирал своите рендери за тоа како би можел да изгледа телефонот.

Скиците покажуваат дисплеј кој се обвиткува околу уредот под сите 360 степени. Разликата во однос на „Mi MIX Alpha“ е што новиот патент сугерира дека идниот телефон би користел механизиран pop-up модул на врвот, каде се сместени три камери и двоен LED блиц.

Покрај тоа, на врвот на телефонот се наоѓа копче за вклучување и секундарен микрофон, додека на дното се сместени звучник, примарен микрофон, 3,5 mm приклучок и USB Type-C порт.