Новиот „Oppo Find“ – првиот телефон на компанијата со флексибилен екран

По неколку години развој, „Oppo“ е подготвен да го претстави својот прв флексибилен телефон.

Речиси три години откако беше претставен првиот прототип на уредот, „Oppo“ сега навестува за својот прв телефон со флексибилен екран.

Google search engine

„Oppo Find N“ наликува на уреди од линијата „Samsung Galaxy Fold“ и е создаден по четири години интензивно истражување и развој и шест генерации прототипови.

Лансирањето на телефонот е закажано за време на настанот „Oppo Inno Day“ на 15-ти декември.

Компанијата не објави информации за процесорот, дисплејот и другите спецификации на телефонот „Find N“. Сепак се прикажува видео кое ни дава увид што очекуваме кога е дизајнот во прашање.

„Oppo“ ветува „убав“ уред кој добро се вклопува во рака и ќе биде лесен за употреба и во внатрешен и во надворешен формат.

ПретходнаКоја компанија ќе биде првата со вредност од 3 трилиони долари?
СледнаАмериканска диета: Ослабете 3 килограми за 5 дена!