Новинарка ограбена во Катар: После шок прашањето во полиција не можела да се соземе – побарале од неа сама да избере казна за крадецот

Аргентинската новинарка Доминик Мецгер е шокирана од начинот на кој катарските власти ги решаваат проблемите со криминалците.

Аргентинката е ограбена во Катар, па решила веднаш да го пријави случајот во полиција.

Google search engine

Имено, додека снимала прилог со навивачите, некој успеал да и го украде паричникот. Кога сфатила дека останала без паричник, отишла во полициска станица, каде доживеала невиден шок.

„Го пријавив случајот и веднаш ме однесоа во еден друг дел каде има луѓе кои не знаат англиски. Ми кажаа да останам мирна и дека случајот ќе се реши брзо. Потоа ме пратија во друга станица, таму мажите не ме погледнаа, никој не ме праша ништо, а потоа минав во делот каде се жените и ми кажаа дека морам да дадам изјава кај полицајките. Тогаш се случи еден комплексен момент. Ме прашаа како сакам да биде казнето лицето. Ми објаснија дека имаат камери насекаде и дека ќе го најдат крадецот“, открила новинарката.

 

Била задоволна со експресната реакција на полицијата, но после тоа уследило шок прашање.

„Не го разбрав прашањето, барав да го повторат, а жената ме праша дали сакам крадецот да биде осуден на пет години затвор или да биде депортиран. Им кажав дека не можам да донесам таква одлука бидејќи не сум судија“, заклучила Аргентинката.