Нови тврдења за смртта на лидерот на Боко Харам

Лидерот на нигерсиката исламистичка група Боко Харам, Абубакар Шекау, се убил активирајќи експлозив, соопштила противничката џихадистичка организација Исламска држава во западна Африка (ISWAP).

На аудио снимката, која е доставена до новинските агенции, се наведува дека лидерот на Боко Харам во текот на борбите со (ISWAP) се самоубил, така што активирал експлозив.

Google search engine

“Шекау одбра понижување на оној свет, а не на Земјата. Се уби активирајќи експлозив”, соопштил глас сличен на лидерот на (ISWAP), Абу Мусаба ал-Барнави, на снимката за која не е знае кога е датирана.

Наводниот глас на лидерот на противничните џихадисти на снимката навел дека Шекау ја напуштил борбата и со неколку приврзаници повеќе денови лутал, по што борците на ISWAP го лоцирале и го повикале да се предаде, но тој одбил и се самоубил.

Боко Харам не го коментирал наводите за смртта на својот лидер, а нигериската војска соопштила дека води истрага.

“BBC” наведува дека еден новинар со блиски врски во безбедносните агенции соопштил дека Шекау, кој веќе неколку пати бил прогласуван за мртов, го загубил животот кога “ISWAP” ги нападнал положбите на Боко Харам во шумата Самбуса, на североистокот на Нигерија.

 

 

 

За време на водството на Шекау од 2009-та година, Боко Харам организирал бомбашки напади, киднапирања и затворски бегства ширум регионот, во кои биле убиени повеќе од 30.000 луѓе, а преку два милиони раселени од своите домови.

“ISVAP”, кој Исламската држава го признава како свој дел, настанал во 2016-та година со одвојување од Боко Харам, кој го сметале за премногу радикален, и станал најголема џихадистичка група на североистокот на Нигерија.