НОВИ СТРАШНИ ВИДЕА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА: Зградите се уриваат како домино! Снимен МОМЕНТОТ на колапсот (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, поточно областа Хатај.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југозападно од Антакија, на длабочина од 10 километри.

Google search engine

Безбедносна камера го забележала моментот на уривање на зграда во Хатај.

Веднаш потоа следувал втор последователен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

Според турските медиуми, имало силни земјотреси и владеела паника меѓу граѓаните.

Во меѓувреме, објавени се повеќе видеа од силниот земјотрес, кој рано денеска ги погоди Турција и Сирија.

Во објавите се наведува дека во северна Сирија се урнале згради од овие земјотреси, како и дека има жртви.

Исплашената репортерка на Си-Ен-Ен Турција се расплакала за време на преносот во живо додека опишувала што се случувало на улиците на Турција.

„Земјата под нозе ни се тресеше, тоа беше неверојатно силен земјотрес. Во моментов сè е полно со чад и повеќе згради се срушија“, пренесе новинарката на Си-Ен-Ен, Турк Бусе Девирен.

Исто така, објавено е видео од Бејрут, главниот град на Либан, а порталот „The 961“ наведува дека и во тоа подрачје бил почувствуван силен земјотрес.

Во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја потресе истата област на 6 февруари, во Турција загинаа 41.000 луѓе, а во Сирија околу 6.000.

Повеќе од милион луѓе останаа без покрив над глава.