Нови проблеми: Жена упаднала на судењето на Амбер Херд и Џони Деп и викала „Ова бебе е твое“

Судењето помеѓу Амбер Херд и Џони Деп е во полн ек во својата завршница, но бизарната сцена која се случила на судот во текот на паузата изненадила многумина.

Во зградата влетала непозната жена со дете во рацете и викала: „Џони, те сакам, нашите души се поврзани“.

Google search engine

Но, она што ги шокирало сите е што таа извикала: „Ова бебе е твое“, по што Деп само се насмевнал и ѝ мавнал со раката, а заменик судијата одлучил да ја исфрли надвор.

 

Секако, тоа не можело да пројде незабележано, додека се нижеле коментари во судницата, а жената во меѓувреме цело време опуштено стоела со детето во количката пред судот.

Откако подоцна ѝ влегле во траг, жената за „Law & Crime“ изјавила дека сè испланирала со својот сопруг и дека „мислеле дека ваквата шега ќе биде смешна“.

За потсетување, неодамна пејачката Кортни Лав открила на суд дека Џони ѝ го спасил животот откако се предозирала во еден ноќен клуб.

„Ми пружи прва помош откако се предозирав пред клубот „The Viper Room“ во Лос Анџелес. Тогаш бев зависник од хероин, беше 1995 година“, истакнала Кортни.

„Социјалната служба ѝ помагаше на мојата ќерка да го преброди тој период, а Џони Деп ѝ напиша писмо на 4 страници, иако тогаш не се познававме добро. Се обиде да ја утеши мојата ќерка на нејзиниот 13-ти роденден, испрати лимузина за неа и нејзините другарки“, додала пејачката.

- АУДИО РЕКЛАМА -