Нови и остри мерки за влез во Грција, на невакцинираните во овие објекти нема да им биде дозволен влез

Грчката влада донесе нови мерки против коронавирусот, кои ќе важат само за невакцинираните граѓани, но и за туристите кои ќе дојдат во оваа земја за новогодишните и божиќните празници.

Невакцинираните луѓе ќе треба да имаат негативен брз антиген или PCR тест за да влезат во банки, јавни канцеларии, малопродажни места, мешани места за забава и фризерски салони.

Google search engine

Оваа одредба нема да важи само за продавници за прехрамбени производи и верски објекти.

Сите невакцинирани вработени граѓани во приватниот и јавниот сектор ќе треба да поднесуваат два антиковид тестови неделно.

Единствено место каде што граѓаните можат да влезат без тест се супермаркетите, аптеките и црквите. Истите мерки важат и за невакцинираните туристи.

Казните за прекршување на мерките се ригорозни и се исти за грчките граѓани и туристите.

Околу 300 евра е казна за секој што ќе ги прекрши правилата – нема потврда за вакцинација или сертификат дека го направил тестот. Истата сума плаќаат и туристите доколку ги прекршат мерките.

Во Грција досега се вакцинирани над шест милиони граѓани и со овие мерки грчката влада се обидува да го зголеми бројот на имунизирани лица.

ПретходнаДобро ги познаваме напаѓачите, ќе бидат откриени. Со три дронови беше нападната резиденцијата на премиерот (видео)
СледнаРасте паниката во Германија: Можен недостиг на овој производ?