Камионџија од САД тврди дека во неговата приколка имал 300 илјади гласови кои исчезнале од паркинг во Пенсилванија, иако државниот обвинител тврдеше дека не видел никакви докази за некакви големи измами на неодамна одржаните претседателски избори.
„Луѓето сега откриваат работи како никогаш досега. Голем камион кој вози стотина илјади лажни гласови во избирачкиот центар? Ужасно. Сочувајте ја Америка“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп посебно се осврна на изјавата на камионџијата Џеси Морган кој бил ангажиран од страна на американската државна пошта.
Тој превезувал пошта од Њујорк до Пенсилванија и назад. Овој возач сведочеше дека на 21-ви октомври во Њујорк, неговиот камион бил натоварен со 24 посебни поштенски кутии кои содржеле од 144 до 288 илјади гласачки ливчиња, а пратката требало да биде доставена во Харисбург, Пенсилванија.
Меѓутоа, наместо тоа, возачот морал да чека шест чачса во Харисбург и супервизорот му кажал да оди за Ланкастер без да го истовари товарот. Возачот ја оставил приколката на вообичаеното место во Ланкастер, а следното утро приколката не била тука.