Утрово повторно пристигнаа дојави за бомби на повеќе локации низ Скопје, а меѓу нив се аеродромот, Фудбалската федерација на Македонија, како и Спортскиот центар „Борис Трајковски“, објави „24инфо“.
Поради дојавата за бомба беа откажани сите летови, а потоа почна евакуацијата на вработените и патниците на скопскиот аеродром.
Македонија веќе некое време се соочува со закани за бомби на различни локации, а во текот на вчерашниот ден имаше дојави за експлозивни направи и во скопски и кумановски училишта.