Американскиот бизнисмен Илон Маск, сопственик на апликацијата „X“ претходно позната како „Twitter“, во текот на есента минатата година им соопштил на претставници на Пентагон дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, а една од темите била и ситуацијата во Украина, пренесува весникот „NewYorker“ повикувајќи се на претставници на Пентагон.
Информацијата за разговорот се појавила во октомври минатата година, но тогаш Маск ја демантирал.
Еден извор навел дека Маск, кога со американските службеници ја разгледувал употребата на терминалот на „Starlnik“ во Украина минатиот октомври, спомнал дека имал разговор со Путин и кажал дека истиот бил одличен. Службеникот на Пентагон истакнал дека сите помислиле дека тоа не е добра вест.

Маск имал редовни консултации со Кремљ
Според информациите на друг соговорник, Маск изјавил дека лично разговарал со Путин неколку недели пред на „Twitter“ да ја објави својата варијанта од мировниот план и додал дека имал редовни консултации со Кремљ.
За разговорот меѓу Маск и Путин во октомври минатата година пишувале и „Vice“ повикувајќи се на економистот Јан Бремер. Американскиот бизнисмен ја демантирал таа информација и навел дека со Путин разговарал само еднаш и дека тоа било пред околу 18 месеци, како и дека темата била космосот.
На почетокот на октомври минатата година Маск на „Twitter“ објави анкета во која предложил гласање за или против неговата визија за мирно решение на судирот во Украина. Претпоставил дека конфликтот ќе заврши така што Крим ќе остане дел од Русија, а во регионите кои ги заземала руската војска повторно ќе се одржи референдум под надзор на ОН.
Според неговите зборови, мировниот договор ќе предвиди дека Украина ќе остане неутрална земја, а страните ќе се договорат за снабдувањето со вода на Крим.

Победа на Украина во војната е малку веројатна
Маск исто така изјавил дека во случај на тотална војна со Русија победа на Украина ќе биде малку веројатна. Според неговото мислење, резултатите од референдумите во ДНР, ЛНР, Запорошката и Херсонската област се поврзани со тоа што во некои источни региони од земјата поголем дел од населението го сочинуваат Руси.
Киев негативно реагираше на објавата на бизнисменот. Претседателот на Украина Володимир Зеленски на „Twitter“ ја поставил анкетата: „Каков Илон Маск повеќе ви се допаѓа?“. Можните одговори биле: „Оној кој ја поддржува Украина“ или „Оној кој ја поддржува Русија“?
Украина го користи терминалот „Starlink“ од почетокот на специјалната воена операција, а во октомври минатата година украинските војници се жалеле дека терминалот е исклучен. Извори на „CNN“ соопштиле дека имало проблеми со финансирањето.
Според тврдењата на оваа телевизија компанијата „Space X“ барала од Пентагон да го преземе финансирањето на „Starlink“ во Украина. Маск проценил дека месечините трошоци се 20 милиони долари. Подоцна изјавил дека „Starlink“ ќе продолжи да работи бесплатно во Украина, иако сè уште губи пари.

Компанијата „Space X“ во февруари ја ограничи можноста за користење на терминалот „Starlink“ за управување на дронови.
„Знаеме дека војниците го користат за разузнавање и тоа е нормално. Меѓутоа, никогаш не сме имале намера да се користи за офанзивни цели“, рекла претседателката на компанијата Гвин Шотвел.
Подоцна Маск објаснил дека не сака да дозволи ескалација на судирот. Според неговите зборови, мрежата „Starlink“ се користи за линијата на судирот, каде нема други можности за поврзување на интернет.
Руското министерство за одбрана повеќе пати известувало за уништување на „Starlink“ во Украина.