Нови детали од турбулентната врска на Шарипова и Зверев: „Ме исфрли гола, почна да ме удира…“

Олга Шарипова, поранешната девојка на Александар Зверев не престанува со обвиненијата за наводното малтретирање, а по 10 месеци од првиот дел од приказната сега се појави и вториот дел од интервјуто во кое таа зборува за насилството кое ѝ се случило во текот на турнирот во Шангај во 2019 година.

Шарипова за руските медиуми веќе зборуваше за наводното насилство кое го доживеала од страна на германскиот тенисер, а сега за магазинот „Slate“ ја отворила душата и до детаљ објаснила што доживеала додека била во врска со тенисерот.

Google search engine

По Лајвер купот, Шарипова со Зверев отишла во Кина каде тој играл во Пекинг, па на мастерсот во Шангај.

„Беше помирен и се контролираше, а јас размислував: OК, сега можеме да живееме заедно. Се чувствував позаштитено, побезбедно“, изјавила Русинката.

„Кога излегов од туширање и тргнав да го земам пешкирот, тој дојде и ми рече: Спакувај си ги работите веднаш и замини си, а јас му одговорив: ОК, можеш ли само да почекаш неколку минути, гола сум!“.

Во тој момент, според зборовите на девојката, Зверев ја нападнал понасилно од кога и да е. Таа вели дека ја зграбил за грло и ја притиснал за ѕидот од бањата.

„Почна да ме удира, а овојпат сфатив дека не можам да бидам вреќа за удирање“, изјавила Русинката.

Шарипова изјавила дека почнала да се брани со своите раце:

„Само се обидував да се заштитам. Веќе бев гола. Жена сум, не сум многу јака. А, по туширањето, немав време да одам да се облечам и не се чувствував безбедно во ниту еден момент“.

Шарипова изјавила и дека Зверев ја навредувал додека ја удирал:

„Почна да ми зборува работи, како: Се надевам дека ќе умреш, требаше уште вчера да умреш, но ти си во мојата соба. Не сакам повеќе да бидам со тебе. А, јас му реков: ОК, ако сакаш да умрам дај ми инсулин. Одам на улица и тоа е тоа. Не можам повеќе да се борам со ова. Што сакаш од мене? Ќе ме удриш? Веќе го направи тоа“.

Кога Зверев го играл натпреварот во осминафиналето 12 часа потоа, тој имал гребнатини на левата страна од неговиот врат, а Шарипова вели дека тоа се последици од нивната кавга.