Новата девојка на Ал Пачино е помлада од него е 53 години, а била во врска и со Џегер: „Упорна е да најде геријатриски спонзор“

Овој љубовен состанок не можел да помине без будните очи на фоторепортерите кои го фотографирале холивудскиот заводник со помладата партнерка.

Ал Пачино (81) неодамна бил фотографиран со 53 години помладата телевизиска продуцентка Нура Алфал (27), а биле „уловени“ при излегување од еден престижен италијански ресторан во Венис Бич.

Google search engine

Инаку, Нур пред неколку година била во љубовна врска со пејачот Мик Џегер (78) и изјавила дека „годините не ѝ биле важни“:

„Срцето не знае што гледа, тоа само знае што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и за мене тоа беше среќен период“, изјавила своевремено 28-годишната девојка за „Hello“.

Исто така медиумите нејзе ја довеле во врска со Клинт Иствуд (91), но таа тврдела дека тие се само пријатели.

Инаку, ова е првпат славниот Оскаровец да се забележан во женско друштво по раскинувањето од поранешната девојка Мејтал Дохан со која раскинал во 2020 година поради разлика во годините, а Мајтал тогаш изјавила:

„Тешко е да бидете со толку стар човек, па макар и тоа да е Ал Пачино“, изјавила таа за израелскиот магазин „La Isha“.

Инаку, љубовната средба на Ал Пачино со оваа девојка предизвикал бурни реакции на социјалните мрежи: „Оваа жена дефинитивно е ловец на холивудската геријатрија“, „Не, не, упорна е во тоа да најде геријатриски спонзори“, „Болно, излегува со човек кој може прадедо да ѝ биде“, „Размислува ли девојкава за своите родители“, „Ова навистина е екстремна разлика во годините. Да, старите луѓе треба да уживаат во животот, но на сите им е јасно дека го искористува“, „Одвратно“, „Нејасно ми е како некои жени толку малку се почитуваат себеси“, се само дел од коментарите.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -