Нова студија: Вирусот сепак имал сезонски карактер

Потоплто време и тропската клима навистина можат да помогнат да се намали ширењето на ковид-19, сугерира новото истражување.

Студијата открива дека местата со топли температури и подолги часови сончева светлина, како што се земјите во близина на екваторот и оние што имаат вистинско лето, имаат пониска стапка на случаи на ковид-19 во споредба со земјите подалеку од екваторот и оние со постудено време, пишува Live Science.

Google search engine

Сепак, авторите на студијата нагласуваат дека нивните откритија не значат дека летното време ќе го елиминира ковид-19, но може да им помогне на луѓето да се борат против болеста.

Нашите резултати не значат дека болеста ќе исчезне во текот на летото или дека нема да ги погодува земјите близу до екваторот. Повисоките температури и поинтензивното ултравиолетово зрачење во текот на летото, најверојатно, ќе им помогнат на мерките на јавното здравство да го контролираат САРС-CoV-2, новиот коронавирус кој предизвикува ковид-19, напишаа авторите на трудот објавен на 27 април во списанието Научни извештаи.

Набргу откако започна пандемијата со ковид-19, во зимата 2020 година, се шпекулираше дека летните температури може да донесат олеснување. Навистина, многу респираторни вируси, вклучително и вирусите на грип, покажуваат сезонска шема, достигнуваат врв во зима и опаѓаат во лето. Научниците не знаат со сигурност зошто вирусите следат сезонски модел, но се смета дека голем број фактори играат улога. На пример, студиите сугерираат дека многу респираторни вируси се постабилни и остануваат подолго во воздухот во постудени средини со ниска влага, истакнува Live Science. Човечкото однесување, како што е собирање во затворено во зима, исто така може да поттикне пренесување на вирусот.

Лабораториски студии исто така откриле дека високите температури и влажноста го намалуваат преживувањето на вирусот САРС-CoV-2, но не е целосно јасно дали ова важи и за пренос во реалниот живот. Во новата студија, научниците анализирале податоци од 117 земји, користејќи бројки за ширењето на ковид-19 од почетокот на пандемијата до 9 јануари 2021 година. Користени се статистички методи за да се испита врската помеѓу географската ширина, што влијае на сончевата светлина, температурата и влажноста на воздухот и стапките на ширење на ковид-19.

Тие исто така користеа податоци од Светската здравствена организација за да ги контролираат факторите што можат да влијаат на стапката на инфекција со ковид-19 во земјата, како што се воздушните патувања, трошоците за здравствена заштита, односот меѓу постарите и помладите луѓе и економскиот развој. Откриле дека секое зголемување на географската ширина од екваторот за еден степен е поврзано со зголемување на бројот на случаи на ковиди-19 од 4,3 проценти на милион луѓе. Ова значи дека една земја која е 1.000 километри поблизу до екваторот во споредба со друга може да очекува 33 проценти помалку случаи на ковид-19 на милион луѓе, под услов сите други фактори да бидат еднакви.

Нашите резултати се во согласност со хипотезата дека топлината и сончевата светлина го намалуваат ширењето на вирусот САРС-КоВ-2 и распространетоста на ковид-19, велат авторите на студијата од Хајделберг институтот за глобално здравје во Германија и Кинеската академија за медицински науки во Пекинг

Наодите исто така значат дека заканата од обнова на епидемијата може да се зголеми во текот на зимата, како што се гледа во многу земји од северната хемисфера во декември 2020 и јануари 2021 година.

Авторите посочуваат дека нивната студија вклучувала податоци само до 9 јануари 2021 година, пред да започнат да се шират бројни варијанти на ковид-19, вклучително и соеви кои првпат се појавиле во Јужна Африка и Велика Британија, па не е јасно дали овие видовите исто така ќе следат сезонски модел на инфекција, заклучува Live Science.

Превземено од vocentar.com