Нова снимка од кралот Чарлс која предизвика бура во јавноста: Не сакал да се ракува со овој човек!

Видеото на кое кралот Чарлс III се ракува со ожалостените кои дошле да ѝ оддадат почит на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, предизвика бура на социјалните мрежи и обвинувања за расизам.

Имено, кралот на Велика Британија прескокнал ракување со темен маж кој стоел во толпата. Кралот по ред ги поздравил луѓето наредени покрај оградата, а кога стигнал до него, ѝ мавнал на толпата и се обидел да продолжи понатаму.

Google search engine

 

Во тој момент, човекот го зграпчил Чарлс за да му подаде рака, но новиот крал брзо ја повлекол и ја свртел главата.

„Неверојатно! Не може ни пред камера да се прави дека не е расист“, гласи еден коментар.

Некои Интернет корисници застанале во одбрана на кралот, наведувајќи дека имало многу прилики кога се ракувал со луѓе со потемна кожа.

Други, пак, потсетиле на обвиненијата на Меган Маркл, сопругата на неговиот помал син, Хари, за тоа дека некој во кралското семејство имал расистички коментари на сметка на нивниот син Арчи.