Ерата на униполарниот светски поредок оди во минатото, геополитички промени од историски размери се случуваат во друга насока, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
Ветувањата на Западот за обезбедување безбедност во Европа се лицемерие, а во реалноста сè е токму спротивното. Русија ќе ги заштити своите национални интереси, нагласи тој.
– Ситуацијата во светот динамично се менува, се повеќе земји и народи го избираат патот на суверен развој – рече Путин во своето обраќање пред учесниците на 10. меѓународна безбедносна конференција во Москва.
Русија ќе ги заштити своите национални интереси, ќе ги брани своите сојузници и ќе работи на изградба на демократски свет.
За да ја зачуваат хегемонијата, западните земји спроведуваат политика на задржување, поткопувајќи ги сите алтернативни развојни патеки на другите земји.
– Западот се обидува да ги принуди независните држави да се потчинат на неговата волја, да живеат според туѓите правила, а се со цел да ја зачуваат својата доминација и да продолжат да паразитираат – рече Путин.
Тој посочи дека колективниот Запад намерно го уништува европскиот безбедносен систем и дека НАТО се движи кон исток.
Според него, на Западот му требаат конфликти за да ја одржи хегемонијата и затоа тие ја подготвиле улогата на „топовско месо“ за Украина.
Како што рече, Русија започна специјална операција во Украина во целосна согласност со Повелбата на Обединетите нации.
Ситуацијата во Украина укажува дека САД се обидуваат да го продолжат конфликтот, додаде тој.
Русија и Кина градат политика за суверен развој
Рускиот лидер истакна дека Русија и Кина ја бранат својата гледна точка, градат суверена политика на развој, не потчинувајќи се на диктатите на наднационалните елити.
Путин смета дека посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на Тајван не е само посета на некој неодговорен политичар, туку дрска демонстрација на непочитување на суверенитетот на другите земји и внимателно испланирана провокација. .
Според него, целта на провокацијата е да предизвика дестабилизација и хаос во регионот и светот.