Главниот фокус на борбите во Украина моментално се префрли од главниот град на земјата на исток и југ од земјата односно во областа Донбас.
Постои можност американската амбасада во Украина, доколку дозволат условите, повторно да биде отворена во Киев до крајот на мај“, соопшти вршителот на должноста во Украина, Кристина Квиен.
„Ги слушамебезбедносните експерти и кога ќе ни кажат дека можеме да се вратиме, ќе се вратиме“, кажа Квиен на прес-конференција, објави медиумската агенција Ројтерс.
Американските дипломати ја напуштија амбасадата во Киев речиси две недели пред почетокот на војната во Украина, преместувајќи некои одделенија прво во западниот град Лавов, а потоа во соседна Полска.
Некои западни земји веќе ги вратија своите амбасади во Киев, откако главниот фокус на борбите во Украина се префрли од главниот град на исток и југ од земјата, наведува британската медиумска агенција.