Нова глобална закана: Овие осум производи би можеле да исчезнат од полиците

Пандемијата на Ковид-19, војната во Украина и голем број други еколошки проблеми се одговорни за нарушувањата на глобалниот пазар. Освен што се соочуваме со поскапување на различни производи, на светот сега му се заканува уште еден проблем – недостигот.

Во продолжение прочитајте ја листата на производи која ја составил EatThis, од осум производи кои потенцијално би можеле да исчезнат од светските полици.

Google search engine

ПИВО

Јаглерод диоксидот е една од клучните состојки во производството на пиво, а снабдувањето со овој гас е нестабилно со години. Покрај тоа, производителите на пиво дополнително со години се борат со постојаниот недостиг од алуминиумски лименки.

ЗАМРЗНАТА ПИЦА

Јаглерод диоксидот е исто така клучна состојка во производството на многу типови на замрзната храна, вклучувајќи ја и замрзнатата пица. Најчесто се користи како средство за ладење за да се зачува вкусот и текстурата на замрзнатите производи за време на складирањето и транспортот. Покрај тоа, помага да се спречи расипување на храната.

Затоа, производителите на пица се соочуваат со слични проблеми како и производителите на пиво, а сето тоа може да резултира со недостиг од тие производи.

ПРОИЗВОДИ ОД ДОМАТИ

Сушата и досега невидените температури ги оптеретија земјоделците кои веќе се соочуваат со инфлација и зголемени трошоци за ѓубрива поради војната во Украина.

Сите овие неповолни временски услови на крајот би можеле да доведат до тоа многу производи од домати да станат помалку достапни. Ова вклучува кечап, сос за тестенини и слично.

НАУТ

Љубителите на хумус треба да размислат за пополнување на залихите по дома. Имено, постои закана од недостиг на наут – главната состојка на хумусот – и може да доживее пад на залихите од дури 20 проценти.

Војната во Украина ги спречи земјоделските култури и извозот од Русија и Украина – две земји кои се значајни производители на наут. Австралија и Мексико, исто така, се соочија со временски непогоди оваа година, вклучително и поплави, кои негативно се одразија на нивните посеви. Во исто време, побарувачката за наут продолжува да расте.

ПЧЕНКА

По истражувањето на бројни полиња со пченка на Средниот запад како дел од турнејата „Pro Farmer Crop Tour“, извидниците открија дека огромни количини пченка не се во идеална состојба по сезоната на наезда од штетници, високи температури и слаби врнежи. Неколку американски држави веќе имаат пониски приноси од минатата година.

За жал, недостатокот на пченка значи и можен недостиг на многу омилени нуспроизводи – житарки, пченкарен сируп и пуканки.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Големите производители на маслиново масло, Шпанија и Италија, се опоравуваат од ужасно тешкото лето. Летните температури урнаа рекорди низ Западна Европа и преовладуваше голема суша. Аналитичарите проценуваат дека производството на маслиново масло во Шпанија би можело да падне за 25 до 30 отсто во споредба со минатата година.

Што се однесува до Италија, аналитичарите прогнозираат пад на производството на маслиново масло меѓу 20 и 30 проценти. Покрај временските услови, војната во Украина и проблемите со синџирот на снабдување, дополнително придонесоа за поскапување на маслиновото масло.

ЧОКОЛАДО

Големи се шансите да останеме без чоколадо. Имено, производителот на бонбони Херши, објасни дека поради војната во Украина потешко се добиваат сурови состојки како масло за јадење и какао. Во исто време, побарувачката порасна неверојатно. Сезонските производи беа запоставени со цел да се пополнат полиците на продавниците и да се задоволи нормалната дневна побарувачка.

МИСИРКИ

Според EatThis, експертите предвидуваат недостиг од мисирки, првенствено поради епидемијата на птичји грип што беснее оваа година.

- АУДИО РЕКЛАМА -