Нова драма во Австралија: Властите може повторно да го приведат Ѓоковиќ, го чека депортација

Нема крај на драмата на Новак Ѓоковиќ во Австралија, па најновите информации кои доаѓаат од таму велат дека Србинот повторно ќе биде приведен и потоа депортиран.

Ѓоковиќ ја доби судската битка да остане во Австралија, меѓутоа веднаш по таа пресуда беше порачано дека министерот за имиграција Алекс Хок може одново да ја укине визата на најдобриот тенисер на светот.Ова по се изгледа се случува, а тоа го потврдија дел од медиумите, но и братот на 20-кратниот грен слем шампион.

Google search engine

Со ова само продолжува „циркусот“ кој деновиве го гледаме во Мелбурн каде Ноле допатува за да ја брани титулата на Авсстралија. Меѓутоа по слетувањето на аеродромот беше „затворен“, визата му беше поништена, тој се жалеше, федералниот суд одлучи во негова полза, но властите по се изгледа по секоја цена сакаат да го истерат своето да не му дозволат на Ѓоковиќ кој не е вакциниран да остане на нивно тло.

Ноле воедно може да се соочи со голема казна, три години да му биде забранет влез во Австралија.

Братот на Ѓоковиќ: Сакаат пак да го уапсат, дојдоа десетина полицајци

Иако победи пред сојузниот суд на Викторија, Новак Ѓоковиќ нема да може да остане во Австралија – според новата одлука на локалните власти.

Големата драма се одвива во Мелбурн, каде што тамошните власти сè уште сакаат да го депортираат најдобриот тенисер на светот, покрај судската одлука за враќање на визата.

Имиграциската служба сака да го протера Новак од земјата и покрај одлуката на судот, која беше позитивна за Ѓоковиќ, врз основа на фактот дека судијата Ентони Кели посочи дека ги следел сите упатства и дека официјалните лица не му дале соодветни информации навреме и дека има правосилно медицинско ослободување.

„Непроспиена ноќ за целото семејство, тешки моменти за нас. Новак покажа дека е упорен и верува во себе и во своите ставови и идеали. Се бореше за цел свет, од друга страна го имаме австралискиот систем, судијата донесе вистинска одлука врз основа на факти и немаше причина за друга судска одлука, но добиваме информации дека министерот за внатрешни работи е над судот. Новак падна во сериозен политички вител, народот на Австралија е несреќен, тие се затворени од почетокот на пандемијата и дефинитивно е политика, тоа е цело време. Она што можеме да го направиме е сите да се вклучиме и да ја пренесеме оваа вест на социјалните мрежи – сакаат Новак повторно да биде заробен и затворен. Ова се најновите информации, во моментов се консултираме со ПР-службите за следните чекори. Сега е со адвокатите во просториите каде што беа за време на судењето, а моментално разгледува и размислува за опции“ – изјави Ѓорѓе Ѓоковиќ на телевизија „Прва“.