На Канаѓанка која има проблеми со дишењето и е дијагностицирано дека страда од климатски промени, бидејќи надлежниот лекар констатирал дека за нејзината здравствена состојба се одговорни топлотните бранови и лошиот квалитет на воздухот.
Д-р Кајл Мерит, кој му ја напиша дијагнозата на постар граѓанин од Нелсон во Британска Колумбија, кој боледува од астма, нагласи дека ова е првпат да ги спомене климатските промени како причина за нечии здравствени проблеми.
Ако не ја разгледаме основната причина, туку само ги третираме симптомите, нема да постигнеме голем напредок во лекувањето, рече Мерит.
Канада беше погодена од историски топлотен бран во јуни, проследен со сезона на густ смог предизвикан од шумски пожари.
Шумските пожари предизвикаа квалитетот на воздухот да стане 43 пати полош од прифатливите нивоа како безбедни во текот на јули и август, пренесува Индипендент.
Ние сме во собата за итни случаи, се грижиме за сите, од најпривилегираните до најзагрозените. И тешко е да се види дека луѓето, особено најзагрозените во нашето општество, се погодени. Тоа е фрустрирачки, рече д-р. Мерит.
На пациентката, која била погодена од климатските промени, ѝ биле дијагностицирани кратко време по топлотниот бран, за кој д-р Мерит рече дека директно придонел за влошување на нејзината болест.
„Таа има дијабетес, има срцева слабост… живее во приколка без клима уред“, рече тој и додаде: „Сите нејзини здравствени проблеми се влошија“.
Дијагнозата на д-р Мерит ги натера другите лекари во Британска Колумбија да покренат иницијатива наречена „Лекари и медицински сестри за планетарно здравје“.
„Ние сме длабоко загрижени за климатската криза и нејзиното влијание врз здравјето“, се вели на веб-страницата на групата.
„Летово нашите пациенти доживеаја екстремни временски услови како екстремни горештини, суша и силни пожари“, велат здравствените работници.