Нов закон: Може да си од машки пол, но да се изјасниш како жена и обратно

Владата предлага закон со кој ќе се овоможи секој граѓанин декларативно да си го промени полот. Предлогот, кој наскоро ќе биде претставен пред пратениците во Собранието, е со „европско знаменце“, објави Алсат.

Во Законот за матична евиденција, Владата предлага да се додаде одредба со која се прецизира дефиницијата на родовиот идентитет:

Google search engine

„Родов идентитет“ претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.”

Предложените одредби треба да ја олеснат постапката со тоа што таа се сведува на декларирање од страна на личноста и заверување на изјава на нотар.

“Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање“, се вели во предложените измени на законот.

Од Алијанса за Албанците, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека нема да го поддржат законот.

- АУДИО РЕКЛАМА -