НОВ УДАР ЗА ПУТИН – Ова нема да му се допадне: Се откажаa од референдумот за приклучување кон Русија

Новоизбраниот претседател на таа област, Алан Гаглојев, во указот се осврна на “неизвесностите поврзани со правните последици” од ваквиот референдум, за кој одлучи неговиот претходник Анатолиј Библов.

Новите власти на сепаратистичката проруска област Јужна Осетија синоќа најавија дека ќе се откажат од организирање референдум за нивно присоединување кон Русија.

Google search engine

Новоизбраниот претседател на таа област, Алан Гаглојев, во указот се осврна на “неизвесностите поврзани со правните последици” од ваквиот референдум, за кој одлучи неговиот претходник Анатолиј Библов. Референдумот требаше да се одржи на 17 јули.

Гаглоев укажа и на “недозволивоста на еднострана одлука на референдум за прашања поврзани со правата и легитимните интереси на Руската Федерација”.

Сепак, Гаглоев повика на консултации со руската страна кои треба да се одржат без одлагање за низа прашања поврзани со поголема интеграција на Јужна Осетија со Руската Федерација.

На 13 мај, властите на Јужна Осетија објавија дека Анатолиј Библов потпишал указ за одржување референдум, во кој се осврнува на “историските аспирации” на жителите на таа област да се приклучат на Русија, со која се граничи регионот.

Библов не беше реизбран за претседател на изборите во областа на почетокот на мај, а Русија изрази надеж дека неговиот наследник Алан Гаглоев ќе обезбеди “континуитет” во односите со Москва.