Меган Маркл овие денови не спие мирно… По драмата со британското кралско семејство, сега Нетфликс, охрабрен од падот на бројот на претплатници, го откажа својот анимиран филм „Бисер“.
Овој проект веќе подолго време е во почетна фаза на создавање, а веста за откажување на соработката е нов удар за продуцентската куќа на Меган, Арчевел, која таа ја основа во 2020 година со нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Арчевел продукција е основана со цел да создава серии, документарни, играни филмови и детски емисии. „Перл“ требаше да биде првата анимирана серија на оваа продукциска куќа, но бидејќи Меган Маркл не успеа да го заврши својот проект за две години, Нетфликс беше принуден да и се заблагодари за соработката, исто како што го направил тоа со голем број други анимирани проекти, кои исто така не ги испочитувале роковите за испорака.
Тие, исто така им порачале на продуцентите да се обидат да ги прикажат своите проекти на некои други платформи за стриминг, но не е познато дали Меган Маркл го добила истиот совет.

Соработката меѓу поранешната кралска двојка и Нетфликс започна во септември 2020 година, кога стриминг сервисот издвоил 100 милиони долари за овој проект. Меган Маркл ги преземала улогите на креатор и извршен продуцент, а режисерот Дејвид Фурниш, сопругот на познатиот музичар Елтон Џон, исто така требало да биде извршен продуцент на „Перл“.
„Перл“ е базиран на авантурите на 12-годишно девојче кое се обидува да ги надмине секојдневните животни предизвици, а многумина веруваа дека Меган всушност сакала да го покаже своето детство затоа што веруваат дека името „Бисер“ е оригиналното значење на нејзиното име Меган (Маргарет, изведено од margaritēs, значи бисер).