На границата меѓу Киргистан и Таџикистан дошло до судир меѓу граничарите, соопштила Службата за гранична страна на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан.
„На дел од киргистанско-таџикистанската граница дојде со судир меѓу граничарите на двете држави“, соопштил портпаролот на Службата.
Според неговите зборови, во раните утрински часови во регионот Баткена било пукано од пунктот Кех на таџикистанските гранични трупи, во насока на киргистанскиот пункт Булак-Башим, чии припадници исто така отвориле оган.

Во овој момент претставници на Бишкек и Душанбе одржуваат состанок за да ги разјаснат причините за инцидентот и да спречат ескалација на ситуацијата.
Извор од границата ситуацијата ја опишал како тензична.
Границата меѓу Киргистан и Таџикистан повремено станува зона на судири меѓу локалното население и граничарите на двете земји, затоа што постојат области во кои не е утврдено каде точно минува границата меѓу државите, наведува “РИА Новости”.
