Нов сој на коронавирус се шири во Европа, летото доведено во прашање, велат експертите

Одморите во странство може да бидат загрозени ова лето поради страв од нов вид на коронавирусот, кој наводно потекнува од Непал и се шири во Европа, пренесуваат странските медиуми.

Официјални лица од Велика Британија стравуваат дека непалскиот вид е отпорен на вакцини против коронавирусот, а владините научници веќе ги предупредуваат министрите за опасноста од новиот вид.

Google search engine

Англиските медиуми објавија дека постојат стравувања дека уште некои земји ќе бидат отстранети од зелената листа на патувања, вклучително и Португалија, каде што наводно е откриен новиот вид од коронавирусот од Непал.

Научниците од „Заедничкиот центар за биосигурност“ се загрижени за растечката стапка на зарази со коронавирусот како и од појавата на мутации во познатите летувалишта.

Извештајот дојде откако имунологот и професор Џон Бел предупреди дека Велика Британија може да биде погодена од нови видови на коронавирус ако не се стори повеќе за да им се помогне на сиромашните нации да го вакцинираат своето население.

Тој рече дека заштитата од појавата на идните соеви на коронавирус не е „гарантирана засекогаш“, иако вакцините се моментално ефикасни против видот кој за прв пат беше идентификуван во Индија.

Болниците во Непал се пред колапс по трагичниот скок на нови случаи на коронавирус. Бројот на нови инфекции во март беше под 100, сепак, во средината на март, беа регистрирани повеќе од 9000 нови случаи дневно.

Вториот бран во Непал беше поттикнат од зголемувањето на инфекциите во соседна Индија, но експертите сега се загрижени за новиот вид што таму е идентификуван.

Според странските медиуми, одморите во Европа може да бидат загрозени ова лето, поради загриженоста за новиот вид од Непал и бавната вакцинација на континентот.