Министерката за здравство на Велика Британија, Џилијан Киган денес и се извини на јавноста што продолжила да учествува на еден состанок откако била информирана дека е позитивна на вирусот Ковид-19.
Министерката Киган на својот Твитер профил напиша дека на средбата со тројца татковци кои трагично ги загубиле ќерките поради самоубиство била информирана дека е позитивна на вирусот Ковид-19 врз основа на направениот тест и веднаш известила своите соговорници, преземајќи понатамошни мерки на претпазливост.
Јас со нивна согласност останав краток на состанокот за да ги слушнам нивните приказни, напиша таа на нејзиниот Твитер профил.
Но, како што тврди таа, требало веднаш да ја заврши средбата и смета дека тоа и била грешка во проценката, поради што, како што вели, се извинува.
Сепак, јавноста во Велика Британија имаше различни реакции на нејзиниот потег, бидејќи некои ја осудија, а други и честитаа на нејзината искреност.
Велика Британија со недели ја тресе скандал поради откритието дека се организирале забави во седиштето на владата во време кога цела земја била под строги мерки на карантин поради ширењето на вирусот Ковид-19.
When I was told my test was positive I was listening to three fathers who had tragically lost their daughters to suicide. I told them the result and took further precautions but with their consent, I stayed for a short period to hear their stories. 2/3
— Gillian Keegan (@GillianKeegan) February 8, 2022