Нов скандал го тресе кралското семејство: Принцот Чарлс од шеик земал куфер со милион евра во кеш!

Принцот Чарлс наводно меѓу 2011-та и 2015-та година лично примил вкупно три милиони евра од шеикот Јамад бин Јасим бин Џабер ел Тани.

Наследникот на британскиот трон, принц Чарлс, од катарскиот шеик примил торба со милион евра, пишува „Sunday Times“. Принцот од Велс, според пишувањето на „Sunday Times“, од контроверзниот катарски политичар примил торба во која имало милион евра во кеш.

Реклама

Тој, според пишувањето на весникот, меѓу 2011-та и 2015-та лично примил вкупно три милиони евра од шеикот Јамад бин Јасим бин Џабер ел Тани, поранешен катарски премиер.

Во една прилика шеикот Хамад на принц Чарлс му предал милион евра кои наводно се наоѓале во торба „Фортнум и Мејсон“ – станува збор за луксузна продавница која има кралско одобрение за работа.

Во друга прилика принцот Чарлс примил голема патна торба во која имало милион евра. Тоа се случило при приватен состанок во 2015-та година во Кларенс Хаус, резиденцијата на принц Чарлс.

Во соопштението на резиденцијата се наведува дека донациите примени од шеикот веднаш биле проследени во добротворни фондови и дека сите процедури се почитувани.

Во соопштението се наведува: „Добротворните донации примени од шеикот Хамад бин Јасим веднаш беа проследени во една од добротворните организации на принцот кои спровеле соодветна процедура и кои не уверија дека сите процеси се испочитувани“.

Донациите кои принц Чарлс ги примил се нашле во центарот на вниманието на јавноста последните месеци по обвиненијата дека на еден саудиски донатор му било ветено британско државјанство. Од Кларенс Хаус рекле дека принц Чарлс не бил запознаен со тоа.

Мајкл Фосет, извршен директор на фондацијата, поднел оставка во ноември, откако бил обвинет дека на милијардерот Махфуз Мареј Мубарак бин Махфуз му понудил титула витез во замена за добротворна донација.

Реклама