Нов данок за граѓаните: Ќе плаќаме еколошка такса од 3,5 денари за секој литај гориво

Владата на Македонија ќе воведе еколошка такса за дизелот и бензините од 3,5 денари од 1-ви јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Како што може да се заклучи, се работи за нова давачка со која се зголемува цената на горивото.

Google search engine

“Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила”, рече Заев.

Од дополнителната такса во буџетот ќе се соберат 1,685 милијарди денари за едно полугодие или 3,3 милијарди денари за цела година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими пред неколку дена кажа дека се уште нема владина одлука и дека воведувањето на еколошката такса ќе се одвива преку консултации со засегнатите страни.