Експлицитниот секс водич објавен на норвешкиот јавен сервис предизвика бурни реакции во оваа скандинавска земја.
Јавниот сервис „NRK“ им понудил повеќе од 60 различни пози на гледачите – некои со многу креативни имиња како „шпагети“ и „прегрнати коали“.
Сексуалните пози се наменети за хетеросексуални, но и хомосексуални парови, а водичот содржи и практични совети за лица со одредени физички ограничувања како трудници или луѓе со болки во грбот.

Водичот со совети е составен со помош на мислењата на бабици, сексолози, доктори и физиотерапевти, а истиот е објавен на сајтот на „NRK“ со црно-бели фотографии.
Норвешкиот јавен сервис добил голем број жалби по објавување на водичот, а многумина сметаат дека „NRK“ како јавен сервис кој е лесно достапен до сите граѓани треба да остане неутрален кога станува збор за сексот.





