Нови детали на судењето на деценијата: Флојд делуваше издрогирано, но можеше да комуницира

Кристофер Мартин, касиерот од продавницата во која бил Џорџ Флојд пред полицаецот Дерек Шовин да му нанесе смртоносни повреди, денеска на судењето рекол дека настраданиот делувал ‘издрогирано’, но дека бил во состојба да комуницира.

Неколку сведоци, меѓу кои и 9-годишно дете, претходните два дена во судот опишувале каков шок за нив било тоа што го гледале Флојд како умира под коленото на Шовин.

Google search engine

Поротата денеска ја гледала снимката на која расположениот Флојд бил во продавница неколку минути пред да заврши под коленото на полицаецот Шовин.

Видеото погледнете го ТУКА.

Инаку, снимката од 25-ти мај, 2020-та година предизвика масовни протести ширум САД.

Шовин доби отказ од полицијата, еден ден откако беше објавена снимката на која се гледа како со колено го притиска вратот на несреќниот Флојд, кој бил врзан со лисици, а осомничениот полицаец пред поротата и судијата рекол дека не е виновен по обвинението за убиство, пренесува „Ројтерс“.

До трагедијата во која настрадал Флојд дошло така што Кристофер Мартин (19) од продавницата во која бил Флојд, земал од него банкнота од 20 долари, а истата била причина за сè што подоцна се случило.

Имено, Мартин мислел дека банкнотата е лажна и веднаш пријавил кај менаџерот од маркетот, плашејќи се дека ќе му биде одбиено од плата, а неколку минути подоцна полицијата го уапсила Флојд, под обвинение дека се обидел да употреби лажна банкнота.