Google search engine

Њујорк Тајмс објави снимка од убивање на заробени руски војници (Вознемирувачко видео)

Видеото објавено во понеделникот, потврдено од Њујорк Тајмс, прикажува група украински војници како убиваат заробени руски војници во село западно од Киев.

„Сè уште е жив. Пукајте во овие окупатори. Видете, тој е сè уште жив. Едвај дише“, вели маж додека на снимката се гледа руски војник со јакна навлечена над главата. Русинот очигледно е ранет, но се уште дише.

Google search engine

Војникот потоа пука во човекот, кој продолжува да се движи, а војникот потоа повторно пука во него. Тогаш човекот престанува да се движи. Снимката е крајно вознемирувачка.

Покрај жртвата, може да се забележат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грб. Сите се облечени во униформи, а тројца имаат бела лента на ракавите, која обично ја носат руските сили во Украина. Опремата е расфрлана околу нив, а на главите на руските војници се забележуваат дамки од крв.

Мажите лежат на патот во близина на оклопното возило БМД-2, кое го користат руските десантни сили. Според видеото, изгледа дека некои од нив ги соблекле јакните, чевлите или кацигите. Понатаму на патот може да се забележат други уништени возила.

Видеото е снимено на патот северно од селото Дмитривка, десетина километри југозападно од Буча. Таму, по повлекувањето на Русија, Украинците открија стотици тела во цивилна облека, што доведе до голем број обвинувања дека Русите убиваат цивили на тоа место.

Снимката, според Њујорк Тајмс, најверојатно била направена на или околу 30 март, кога Украинците нападнале руски конвој додека Русите се повлекувале од помалите градови западно од Киев. Во последните недели имаше жестоки битки меѓу Украинците и Русите. На 2 април, Оз Катерји, независен новинар, на Твитер објави снимки и фотографии од уништена колона возила и напиша дека украинските војници му кажале дека Русите биле нападнати од заседа пред 48 часа.

Украинското Министерство за одбрана исто така објави твит за уништувањето на рускиот конвој. Тие го нарекоа нападот „прецизна работа“ на украинската армија.

„Тие воопшто не се луѓе“, вели украински војник на видеото додека оди меѓу уништените возила, додавајќи дека тие заробиле двајца руски поручници.

Украинските војници носат сини панделки на ракавите и постојано велат „Слава на Украина“ во видеото. Не е јасно за која единица се работи, но во видеото на кое се гледа убиството на еден затвореник, еден од војниците зборува за другите како „белгравски момчиња“, веројатно мислејќи на локацијата Белгравија, на само неколку стотини метри од инцидентот.

Украинската новинска агенција која објави снимка од последиците од заседата на 30 март ја опиша како „дело на Грузиската легија“, паравоена формација од грузиски доброволци формирана во 2014 година.