Нашиот главен град моментално е под воена окупација. Се очекува до Денот на инаугурацијата во Вашингтон да има повеќе од 26.000 вооружени федерални трупи. Ниеден жив Американец не видел момент како овој што сега го гледаме, изјавил водителот на “Fox News”, Такер Карлсон.
За споредба, Линдон Џонсон пратил вкупно 13.600 сојузни трупи и припадници на Националната град во Вашингтон за да ги сопре немирите во Вашингтон кои уследиле по атентатот на Мартин Лутер Кинг Помладиот.
Во тие нереди повредени биле стотици луѓе, а убиени најмалку 13. Во 1864-та година, кога беснеела Граѓанската војна во САД, Американци секојдневно умирале во голем број на бојното поле, и имало помалку трупи кои го штителе Вашингтон од денес, објаснил Такер во својата емисија.
“Но, според зборовите на нашите лидери, таканаречениот бунт на 6-ти јануари бил многу полош од било што друго. Како одговор, тие за време на мир собраа најголемо воено присуство во Вашингтон во целата историја. Тоа навистина е национална сила, со гардисти од сите држави на Унијата, дури и од Порторико. Прашањето е, зошто? Со децении Вашингтон има најмногу полицајци по глава на жител, и на врвот на таа листа во светот. Нема потреба да доаѓаат трупи од Алјаска за градот да биде безбеден. Но, одржувањето на градот сигурно не е поентата на оваа вежба. Стапката на убиства во округот Колумбија порасна со застрашувачка брзина во последните шест месеци. Мажи, жени и деца се стрелаат на улиците, но изгледа дека тоа никого не го интересира. Па, без разлика на тоа што ви го кажуваат, тие 26.000 војници не се тука поради вашата безбедност. Наместо тоа, Демократската партија ги користи овие трупи за на нас останатите ни прати моќна порака: ”
“Сега ние сме главни. Ја водиме оваа нација, од Хонолулу до нашите колонии на Карибите и насекаде, вклучувајќи ги вашите домови. Ние го контролираме Пентагон”, вели Такер.
И навистина имаат моќ, додава тој.