Незгода на црвениот тепих во Кан: Фустанот на Хајди Клум открил повеќе отколку што требало

На манекенката и водителка Хајди Клум ѝ се случила мала модна непријатност на премиерата на филмот „La Passion De Dodin Bouffant“. Таа покажала малку повеќе отколку што планирала…

Облечена во впечатливо жолта креација на брендот „Zuhair Murad Couture“, со долг плашт, Хајди гордо позирала покажувајќи го неверојатното тело. Меѓутоа, бидејќи не носела градник под креацијата, во моментот кога ги кренала рацете за да ја покаже лелеавата наметка, ѝ се открила едната града.

Google search engine

Фотографите не ја пропуштиле приликата да го фатат овој момент, но манекенката не дозволила тоа да ѝ ја расипе вечерта и со насмевка продолжила да позира.

Таа, како што често го прави тоа во многу гала прилики, ја оставила косата слободно да ѝ паѓа, а бидејќи фустанот бил во интензивна нијанса, се одлучила за дискретна шминка.