На видеото се гледа како една постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да ги земат…
Во супермаркетот на познат синџир кој со години работи во Србија, денеска во Борча настана тотален хаос и невидена тепачка меѓу постари клиенти.
Туркање, лактирање и општа тепачка избиле поради пониската цена на говедскиот и свинскиот ќебап?! На социјалните мрежи се појави и снимка од тепачката на пензионерите, а на неа се гледа како една постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да ги земат.
На акцијата се собраа голем број повозрасни граѓани, која предизвика тотален хаос. Не се гледа кој што и колку пакети зема, луѓето викаат, се туркаат, а споменатата жена во еден момент дури со горниот дел од телото „влегла“ во фрижидерот за да ги одбрани пакетите што сакала да ги земе, пишува Мондо.
Промоцијата на свинско и говедско ќебапи завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 динари. Акцијата започна во четврток на 23 март, а завршува денеска, поради што настана гужва и тепачка.
„Госпоѓо, госпоѓо ве молам… Ќе повикаме обезбедување, ова нема смисла“, гласи коментарот на една жена среде тепачка за говедско и свинско ќебапи. Голем број граѓани стојат надвор и чекаат да влезат и се обидуваат да се изборат за ќебапи.