Невидено досега: Совршено сочуван ембрион од диносаурус внатре во јајце откриен во Кина

Палеонтолозите пронашле досега невиден фосил од бебе диносаурус во јајце во Ганджоу во Кина. Фосилизираното јајце е долго околу 17 центиметри, а се проценува дека бебето диносаурус во него има должина од 27 центиметри од главата до опашката.

Палеонтолозите фосилизираниот ембрион стар 70 милиони години го нарекле “Бебе Јинглианг” по музејот за историјата на природата на камења Јинглианг во Кина, каде фосилот се чува.

Google search engine

Според истражувањето објавено во “Science”, јајцето прв пат било откриено во 2000-та година, но музејскиот персонал го оставил во складиште пред 10 години, за повторно да го пронајде во текот на градежни работи минатата година.

Фотографиите од ембрионот прикажуваат фосил од бебе диносаурус внатре во лушпата на јајцето.

Палеонтологот Стив Брусат, кој бил дел од истражувачкиот тим, твитувал дека ембрионот бил на раб на излегување..

Коавторката на истражувањето, Дарла Зеленицки, рекла дека пронаоѓањето на фосили од ембрионални диносауруси во карактеристична положба во текот на излегување е неверојатен настан.

“Тоа е неверојатен примерок. Работам на истражување на јајца од диносауруси и досега не сум видела ништо слично”, рекла Зеленицки за “CNN”.