На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа невидена тепачка меѓу персоналот на ресторан и гостите во ресторан во населбата Рафаиловиќи во Будва.
Како што е објавено на TikTok, наводно по расправија со гостин, сопственикот на барот и келнерите зеле столчиња и почнале да го удираат човекот.
И откако паднале на подот, тие продолжиле да го удираат човекот со столици.
„Го убија како слика“, се слуша глас во позадината на видеото.
Како што пренесуваат медиумите, полицијата има земено изјави, но засега ништо не соопштува за ова.
,,Ubiše ga ka sliku” 🤣
Vazno je da su svi prijavljeni I da imaju sanitarne, a djeca se moraju igrat 🤷♂️ pic.twitter.com/DpDJ5ExwhP— Gruna Stramen 🇲🇪 budući UDBAŠ (@GrunaStramen_) July 20, 2023
Во инцидентот во Рафаиловиќи, учествувале четворица руски државјани, кои во алкохолизирана состојба најпрвин го возеле својот автомобил на шеталиштето во Рафаиловиќи, каде за малку не удриле мотоциклист, пренесува „Вијести“.
Според очевидци кои се јавиле во редакцијата на „Вијести“, откако со својот автомобил го блокирале шеталиштето, прво ја демолирале туристичката агенција, а потоа го нападнале келнерот од блискиот ресторан, нанесувајќи му повреди во главата.
Потоа почнале физички да се пресметаат со сопственикот на ресторанот. Тогаш останатите вработени се обиделе да ги спречат да го урнат и ресторанот.
Видеото е направено кога вработените почнале да ги исфрлаат руските државјани, се вели во текстот на порталот „Вијести“.