Ретко кој сè уште не го видел видеото на кое Вил Смит му удира шлаканица на Крис Рок на сцената на доделувањето на Оскарите.
Ваквиот инцидент беше предизвикан од шегата на Рок за избричената глава на Џејда Пинкет Смит, но на социјалните мрежи започна да се споделува и видео снимено од друг агол кој ја прикажува реакцијата на Џејда во моментот кога инцидентот се случил.
Снимката започнува кога Вил се враќа од сцената откако го удрил Рок, а додека остатокот од публиката запрепастено се обидувал да процесира што се случува, изгледа како Џејда да се смее на целата ситуација.
@_stephanieinca Reply to @ianfarnish ♬ original sound – Stephanieinca
Кога Смит се вратил на своето место, неговата сопруга продолжила во тишина да набљудува додека тој му упатувал пцовки на комичарот, а во моментот кога Рок ја опишал ноќта на доделувањето како „најдобра во ТВ историјата“, таа заплескала и се наведнала нанапред, гласно смеејќи се.
Сè уште не е познато кој го снимил ваквото видео ниту кој дополнително го споделил на социјалните мрежи.
За потсетување, додека ја претставуваше наградата за најдобар документарен филм на Оскарите, Рок се пошегува на сметка на избричената глава на Џејда Пинкет Смит, споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „G.I. Jane“. Комичарот рече дека едвај чека да ја види Џејда во продолжението на филмот, по што Вил се качи на сцената и го удри Крис.