Невиден СКАНДАЛ на Светското првенство: Кошаркарите на Мали се степаа по поразот од Србија!

Исклучително грди сцени беа забележани во микс зоната по мечот меѓу Србија и Мали.

Кошаркарките на Србија во Сиднеј ја совладаа селекцијата на Мали со 81:68 (25:25, 18:14, 19:11, 19:18), во натпреварот од четвртото коло од групата Б на Светското првенство.

Google search engine

Поразот очигледно беше тежок за ривалите, па решија да се пресметаат меѓу себе по мечот – и тоа пред камерите.

Имено, додека Саша Чаѓо даваше изјава во микс зоната, зад нејзиниот грб се одвиваше вистинска драма.