Неверојатно откритие на научниците: Се роди живот на островот на ѓубрето

Научниците пронајдоа напредни заедници на морски суштества, вклучувајќи мали ракови и школки кои живеат илјадници километри од своето првобитно место на живеење, на Големиот пацифички остров на ѓубре (Great Pacific Garbage Patch, GPGB).

Големиот пацифички остров на ѓубре е огромен простор со ѓубре кое плови по океанот меѓу Калифорнија и Хаваи.

Google search engine

Откриен е во 1997 година и зазема неверојатно пространство.

Експертите во новата студија откриле дека десеттина видови безрбетници успеале да преживеат и да се размножат на пластичното ѓубре кое со години е во океанот.

Пронашле 484 морски безрбетници

Тие велат дека ова откритие укажува дека загадувањето со пластика може да овозможи создавање нови пловечки екосистеми, видoви кои инаку не можат да преживеат на отворен океан.

За разлика од органскиот материјал којшто се распаѓа во рок од неколку месеци или најмногу неколку години, пластиката може да плови во океаните многу подолго, овозможувајќи им на некои видови да се размножуваат на отворено море.

„Бевме изненадени кога видовме колку видови има. Најдовме во над 70 отсто од островот“, изјавила за „CNN“ експертот за екосистем Линсеи Харам од Националниот институт за храна и земјоделство.

Линсеи Харам и нејзините колеги анализирале 105 парчиња пластика и пронашле 484 морски безрбетници од кои 80 отсто вообичаено се наоѓаат на крајбрежјето.

 

„Веројатно се борат едни против други за простор и храна“

„Веројатно се борат едни против други за простор и за храна. Со тоа што можат да се јадат едни со други. Тешко е точно да се знае што се случува“, изјавила Линсеи Харам.

Научниците сè уште не заклучиле како овие суштества успеваат да преживеат таму.

Не е познато на пример дали завршиле на тој остров така што се закачиле за пластиката на крајбрежјето која подоцна завршила во океанот или успеале да колонизираат на нови објекти кога се нашле во отворен океан.

Големиот пацифички остров на ѓубрето е најголемата акумулација на океанска пластика на светот.

Иницијативата за чистење на океанот проценува дека постојат околу 1,8 трилиони парчиња пластика кои заедно тежат околу 80.000 тони.

Поголем дел од пластиката доаѓа од рибарската индустрија додека меѓу 10 и 20 отсто од вкупната количина од ѓубрето потекнува од јапонските цунамија од 2011 година.