Неверојатниот живот на Џим Кери: На 16 години бил исфрлен од училиште, живеел во приколка, бил осомничен за убиство

Џим Кери никогаш не престанал да верува во себе и да се труди, а награден е и со светска слава и титула на еден од најдобрите светски комичари.

Џим Кери е еден од најплатените комичари, а патот до Холивуд не му бил ниту малку лесен.

Google search engine

Ова можеби не сте го знаеле за него:

1. Славниот актер имал многу тешко детство, живеел на работ на егзистенција, па заедно со семејството одредено време бил принуден да живее во напуштена приколка.

2. Целото семејство напорно работело на чистење на фабрика и фабричките машини за да преживее.

3. Џим како дете бил многу срамежлив и несигурен во себе, па сето тоа го заменил со правење на смешни гримаси, што подоцна го прослави.

4. Пред да успее во Холивуд, настапувал во клубови како комичар со што му помагал на своето семејство финансиски.

5. На 16 години бил исфрлен од училиште, а на 18 тргнал во Холивуд.

6. На почетокот на 80-тите години го снимил својот прв целовечерен филм „Запознајте го Џенет“ каде што ја толкува улогата на неуспешниот комичар Тони Морони.

7. 80-тите не биле успешни години за Џим, па паднал во тешка депресија, но не се откажал, па во текот на 90-тите доаѓа неговиот „раст“ во кариерата, прво со филмот „Ace Ventura“, а подоцна и останатите големи филмски улоги кои ги добил.

8. Поранешната девојка на актерот Џим Кери извршила самоубиство во септември 2015 година. Таа се предозирала со различни таблети и така себеси си го одзела животот, а нејзините родители го обвинувале актерот дека тој е всушност виновникот за тоа.

- АУДИО РЕКЛАМА -