Netflix ги избриша сите филмови во кои глуми Џони Деп

Сите филмови во кои глуми холивудскиот актер Џони Деп, кој е осуден за злоставување на поранешната сопруга Амбер Херд, се избришани од популарната стриминг платформа „Netflix“ во Америка и Австралија.

Светските медиуми пренесуваат дека „Netflix USA“ и „Netflix Australia“ донеле одлука да не ги прикажуваат, односно да ги избришат понудите на сите филмови во кои глуми славниот актер.

Google search engine

Како што се наведува, причината за тоа е неодамнешната одлука на судот според кој Деп е осуден за злоставување на поранешната сопруга, пренесува „The Sun“.

Имено, Џони Деп го тужеше британскиот таблоид и неговиот извршен уредник Ден Вутон поради клевета во написот од 2018 година, во кој беше наречен „човек кој ја тепа својата сопруга“. Со овој случај се занимаваше Врховниот суд во Лондон.

Актерот по 2 години го изгубил спорот вреден 2 милиони долари, а набрзо потоа остана и без улога во познатиот филм „Fantastic Beasts“.

Деп на својот Инстаграм профил објаснил дека студиото „Warner Bros“ го замолил да се откаже од улогата на негативецот Гелерт Гриндевалд во тој филм.

 

„Го испочитував и се согласив со барањето“, напишал Џони Деп.

Сепак, не помина многу време откако „Warner Bros“ соопшти дека улогата ќе му биде доделена и на друг актер.

- АУДИО РЕКЛАМА -