Несреќа во Њујорк: Автобус виси на надвозник, повредени најмалку седум лица

Сите повредени се патници од автобусот и пренесени се во болница, јавува “Guardian”.

Најмалку седум лица биле повредени во несреќа во Њујорк кога автобус излетал од надвозник во Бронкс.

Google search engine

Како што навела полицијата во Њујорк, седум лица се здобиле со полесни повреди, а на терен се и пожарникари.

Сите повредени се патници од автобусот и пренесени се во болница, јавува “Guardian”.

Итните служби го затвориле целото подрачје поради инцидентот.

Снимките од автобусот на социјалните мрежи покажуваат како тој се раздвоил, при што предниот дел паднал од надвозникот, додека остатокот останал на горниот дел од патот.

Не е јасно колку патници биле во автобусот во моментот на несреќата.