Нереален луксуз на Менхетен кој го сакал и Роберт де Ниро: Ова е раскошниот стан на Тито во срцето на Њујорк

Јосип Броз Тито секогаш знаел да ужива во животот, се дружел со холивудски ѕвезди, користел најскапи работи и уживал во шестсобниот дуплекс на Менхетен.

Некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито секогаш е непресушна инспирација и никогаш ненадминлива тема. Бројните луксузни недвижнини ширум светот му биле наменети нему, а една од нив е во Њујорк со поглед кон Централ Парк.

Google search engine

Тито сакал луксуз и удобен живот, па така и во негово друштво биле Ричард Батон, Лиз Тејлор, Софија Лорен за која велат дека не била рамнодушна на шармот на југословенскиот претседател.

Пентхаусот на популарната авенија во Менхетен се состоел од шест соби и четири бањи. Југословенските власти овој раскошен стан го купиле во 1975 година, а во 418-те метри квадратни имало и три тераси и три камини, четири спални соби, а големото предворје со широки скали се отворало во голема аголна дневна соба со лична тераса.

Во состав со пентхаусот се наоѓала и една голема дневна соба со библиотека, а постојат и посебни соби за собарки, батлери… Горното ниво има четири големи мастер апартмани, од кои еден е со камин и два со тераса.

Во близина на овој стан се најскапите продавници кои може да ги видите во Њујорк…

Неодамна во медиумите се појавила вест дека станот на Тито бил продаден на некој финансиер од Волстрит за 12,1 милион долари. Се пишуваше и дека станува збор за сосед, човек којшто имал стан покрај станот на Тито.

Интересно е тоа што пред тоа, кога започнала да кружи приказната дека станот ќе се појави на пазарот, за него наводно биле заинтересирани и холивудските ѕвезди Роберт де Ниро и Џек Николсон.

Сепак, станот бил продаден на некој друг човек, а купувачот морал да вложи дополнителни милиони во реновирање со оглед на тоа дека таму никој не престојувал од 1992 година.