Неодамна талибанци беа снимани како си играат во забавен парк, а сега го запилија! Имале и причина за тоа

Неколку дена откако на видео снимки се прикажани талибанските борци кои се возат на вртешелки во забавен парк во Кабул по преземањето, сега на друга снимка се гледа сличен парк во пламен, откако Талибанците го запалиле.

По избрзаното заземање на авганистанскиот главен град Кабул, талибанските борци биле видени како уживаат во забавен парк. Некои се судриле со автомобили, додека други биле видени како навиваат додека се возат, пишува „India Today“.

Google search engine

Најновото видео што ги обиколи социјалните мрежи, прикажува како гори цел забавен парк. Твитер корисникот кој го споделил видеото тврди дека се работи за забавниот парк во Бохди во Шеберган.

Корисникот понатаму објаснува дека причината поради која Талибанците палат е тоа што внатре во паркот има статуи и идоли, кои се против исламската практика.