Необично откритие во вселената: Непознати бактерии пронајдени на Меѓународната вселенска станица !?

На Меѓународната вселенска станица откриени биле четири нови соеви бактерии, од кои што три досега се целосно непознати.

Истражувачите од САД и Индија, заедно со агенцијата НАСА, изолирале три од четири соеви на бактерии во текот на 2015 и 2016 година. Еден од нив бил пронајден на горната плоча на ISS, а другиот во куполата, додека пак третиот на површината од масата. Четвртиот сој бил пронајден во стариот филтер кој што бил вратен на Земјата во текот на 2011 година.

Google search engine

Сите четири соеви припаѓаат на семејството бактерии кои што се наоѓаат на тлото и во слатката вода, а кои што помагаат при раст на растенијата и елиминација на растителните патогени. Астронаутите веќе со годни на вселенската станица одгледуваат помали количини храна, па не е ниту чудно што таму се пронајдени растителни микроби, пренесува „Science Alert“.

Непознат е сојот на бактериите

Бактериите пронајдени во филтерот припаѓаат на веќе познатиот сој Methylorubrum rhodesianum. Меѓутоа, по секвенционирањето на трите соја било утврдено дека сите припаѓаат на ист, но претходно неидентификуван вид. Тие соеви ги добиле имињaта: IF7SW-B2T, IIF1SW-B5 и IIF4SW-B5.

Генетичарот Свати Биџлани од Универзитето на Јужна Калифорнија и неговите колеги предложиле овој нов вид бактерии да го наречат Methylobacterium ajmalii, според Аџмал Кан – познат индиски научник.

„За одлгедување на растенијата на екстремни места со минимални ресурси нужна е изолација на новите микроби кои што помагаат при растот на растенијата во стресни услови“, објаснил генетичарот Кастури Венкатесварн, но и Нитин Кумар Синг од „JPL“ – институтот на агенцијата НАСА.

Гени кои поттикнуваат раст на растенијата

Со оглед на тоа што веќе знаеме дека тие микроби можат да преживеат на тешки услови, научниците спровеле генетска анализа на тие четири соеви за да ги идентификуваат гените кои што можат да се користат за поттикнување на растот на растенијата.

Тие откриле дека еден од соевите – IF7SW-B2T, има гени кои што се вклучени и во растот на растенијата. Меѓу нив го има и оној кој што поттикнува делба на клетките во коренот кај растенијата.

- АУДИО РЕКЛАМА -