Необична оптичка илузија предизвика расправа во која се вклучија и познати личности: Што гледате на сликата?

Оптичката илузија „сирена“ предизвика лавина коментари на интернет откако речиси никој не успеал да забележи сирена на неа.

Доколку имате Твитер профил, нема шанси деновиве да ве заобиколила објавата со цртеж од неодредено суштество или предмет со опис: „Ако го користите десниот дел од мозокот, ќе видите риба. Ако ја користите левата страна, ќе видите сирена“.

Google search engine

Меѓутоа, речиси никој не забележал сирена, а илјадници луѓе го споделуваат овој цртеж на Твитер и се прашуваат што е работата.

Некои виделе магаре, некои фока, а во расправата се вклучиле и познати личности како Дејвид Бадиел, Џонатан Рос, Пирс Морган и Џ.К. Роулинг.

Комичарот Дејвид Бадиел ја објавил сликата на Твитер и напишал: „Да, очигледно е магаре. Очигледно“.

Писателката на „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг вели дека видела магаре на цртежот, а новинарот Пирс Морган се согласил со неа.

Додека некои не се согласуваат дали станува збор за магаре или фока, едно нешто за кое сите се согласиле е дека не е сирена или риба.