„Comfort Town“ е посебен станбен блок во главниот град на Украина, а необичната населба привлекува внимание поради дизајнот инспириран од Лего коцките.
Иако се работи за дел од Киев, поради својата изолација и специфична архитектура, често се нарекува посебен град.
Фактот дека Лего коцките не привлекуваат внимание само кај децата, ја искористиле архитектите Дмитро Васиљев, Александр Попов, Олга Алфјорова од источноевропската фирма „Archimatika“.

Тие нашле инспирација во шарени градежни блокови за проектот „Comfort Town“, станбен блок во Киев, Украина.
За реализација на проектот биле потребни дури 11 години, но градот е благодарен, бидејќи просторот некогаш бил прилично неугледна индустриска зона.

Кога го преземале проектот, целта на архитектонското биро било да ја развие областа среде прометниот украински град во прекрасен станбен блок, кој, пред сè, може да се продаде и во време на криза.
Архитектите имале слобода во одлуките поврзани со трансформација на подрачје каде луѓето навистина сакале да живеат, така што не е ни чудно што тимот изградил нешто што изгледа како Лего град.

Со зградите кои се прекрасно обоени со комбинација на светли нијанси кои привлекуваат внимание, „Comfort Town“ е тешко да не го забележите.
Како и секој комплекс во градот, „Comfort Town“ има малопродажна површина од 14.763 квадратни метри, а на долните катови од станбените згради има и кафулиња, продавници и канцеларии.

Новиот „град“ бил особено прифатен од помладите генерации градски семејства и професионалци кои живеат во градот и кои уживаат поевропски начин на живот во споредба со советскиот кој е вкоренет во градот.
Во согласност со минималистичкиот стил на градот, архитектите се одлучиле за згради со едноставни форми инспирирани од геометријата и целосно рамни екстериери.