Нема милост: Кралицата го одбила последното барање на Меган и Хари

Помина речиси една година откако Меган Маркл и принцот Хари одлучија да објават дека се повлекуваат од кралските должности во британското кралско семејство.

Принцот и поранешната американска актерка, пролетта се преселија во Канада, а веднаш потоа одлучиле да купат куќа во родната Калифорнија на Меган, каде живеат и денес.

Google search engine

Иако е очигледно дека ги прекинале речиси сите врски со Лондон, Меган и Хари во одредени ситуации сепак посакале да бидат дел од институцијата, но тоа повеќе не им е дозволено.

„Дејли мејл“ пренесува дека на кралицата Елизабета ѝ требале две секунди за да ги ‘откачи’ кога се јавиле во палатата пред Денот на сеќавањето на паднатите војници во војните, кој на Велика Британија ѝ е исклучително важен.

Meghan Markle news: Prince Harry's wife wears £16,000 Remembrance Day  ensemble | Express.co.uk

Принцот посакал кралското семејство да положи венец за загинатите во негово име, но барањето експресно му било одбиено, бидејќи, освен од кралските, се откажал и од воените должности. Неговото барање не го одбила администрацијата, пишуваат Британците, туку самата кралица.

Иако го обожува внукот, ставот на кралицата е јасен – или се внатре или се надвор.

„Меган и Хари никој не ги избрка од семејството и секогаш имаа поддршка. Сами си заминаа и не постои начин со една нога да бидат внатре“, пишуваат Британците.

- АУДИО РЕКЛАМА -